По јавната расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план на град Струмица со плански период 2023-2033 година којашто се одржа на 6 ноември, денеска во Домот на АРМ се одржа стручна распрва по овој најважен урбанистички документ на Општината.
Како и на јавната така и на стручната расправа имаше голема заинтересираност од страна на стручната фела којашто потврди дека единствената тешка индустрија што ја има во Струмица е АД за неметали „Огражден“ и неопходно е во интерес на здравјето на граѓаните негово дислоцирање.
Целиот процес на носење на новиот Генерален урбанисти план на градот се одвива транспарентно и во согласност со законските прописи.
Според Софија Ристова Патрикова раководител на Секторот за урбанизам и комунални работи, во следните 15 дена граѓаните и заинтересираните институции може да поднесуваат анкетни листови со забелешки и сугестии по однос на Нацрт планот, потоа стручната комисија ги разгледува и дава извештај до планерот за вградување на прифатените забелешки.