Се одржа 16 редовна работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица

Се одржа 16 редовна работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица
Денес во Домот на АРМ, во присуство на градоначалникот Костадин Костадинов и претставници на повеќе институции, се одржа 16 редовна работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица.
Главна тема на конференцијата беше аерозагадувањето во нашата општина, за која присутните поведоа дискусии за различните аспекти на овој горлив проблем, а на дневен ред беше и известувањето за формирање координативно тело за аерозагадувањето, кое до крајот на оваа работна седмица ќе ги има и своите први активности.
И денешната конференција покажа дека Локалниот совет за превенција во општина Струмица е тело кое грижливо работи за превенирање и успешно изнаоѓање решенија за постоечките проблеми со кои се соочува општината и нејзините граѓани.