Од страна на Министерството за социјална политика, демографија и млади, со поддршка на Светска банка, во моментот се одржува вториот циклус од обуката за „Инклузија и средина за учење“ за воспитниот кадар од градинките во југоисточниот регион.
Овој пат домаќини на обуките се Градоначалникот и Општина Струмица. Ова е уште еден доказ дека општината континуирано вложува во инклузивните политики и промени, и е секогаш спремна да излезе во пресрет кога се работи за зајакнување на капацитетите на вработените кои се грижат за најмладите во градинките.
Обуките се одржуваат за воспитувачите од територијата на Општина Струмица, Василево, Босилово, Валандово, Дојран, Гевгелија и Богданци.
Истите се одржуваат од меѓународниот експерт за дизајнирање образовни програми и обуки – Дарко Кобетиќ.