Се повеќе зелени површини на територијата на Општина Струмица

Се повеќе зелени површини на територијата на Општина Струмица
Во нацртот на новиот ГУП на град Струмица од постоечките 40 ха зелени површини предвидуваме вкупно 88.35 ха.
Согласно постојната состојба, од јавните зелени површини во градот постојат: 
– уреден градски парк со површина од 9,42 ха сместен во северо западниот дел на градот. 
-помал градски парк во центарот на градот со вкупна површина од 0,45 ха. 
-зелени плоштади-скверови со вкупна површина од 2.63 ха.
 
Од зелените површини со ограничена намена застапено е заланило во парцелите на јавните, станбените објекти, како и индустриските комплекси. 
Од зелените површини со специјална намена застапени се озеленети простори за гробишта со вкупна површина од 13.86ха.
Со планската документација се зголемува просторот наменет за зеленило. 
Од првобитно планираните површини со постоечкиот ГУП од 42,23 ха површината за зеленило се зголемува на 88,35 ха. и процентот на зеленило во однос на површината на планскиот опфат изнесува 8,25% 
Оптимален стандард на застапеност на зелени урбани инфраструктури како стратешка цел за реализација во генералниот урбанистички план е 25 м2 по жител. 
Имајќи го во предвид бројот на жители во Општина Струмица и наведената површина по жител од 25м2, може да се заклучи дека потребната планирана површина за зеленило во рамки на ГУП изнесува 84,56 ха. 
Со ГУП-от застапеноста на зеленило изнесува 26 м2/жител.
Ова е потврда за грижата на Општина Струмица во зачувувањето на животната средина.