ЈПЕД „Струмица – Гас“ интензивно работи на проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа на пократки делници и изведба на нови приклучоци. Во месец јули мрежата е проширена за околу 500 метри, а се реализираа седум нови приклучоци од категоријата домаќинства и еден приклучок од категоријата стопанство.
Во истиот период се работеше и на котларата во болницата каде што градежните работи се завршени, котлите поставени и се изведува поврзување со цевната мрежа. Овој месец се реализираат планираните работи на улиците „Димитар Цветинов“, „Младинска“, „Атанас Караман“, „Светозар Марковиќ“ и „Сава Ковачевиќ“ и тоа проширување на дистрибутивната гасоводна мрежа и изведба на нови приклучоци.