Како што беше најавено, по одржувањето на двете јавни дебати посветени на формата, изборот и начинот на функционирање на идниот Организационен одбор на Струмичкиот карневал, денес официјално се распишува јавниот повик за избор на членови.
Сите граѓани – ентузијасти, креативци и вљубеници во карневалската традиција – се повикуваат да аплицираат и со своето учество да придонесат во организацијата на оваа значајна културна манифестација, која има вековна традиција и меѓународно значење.
Организациониот одбор ќе брои вкупно 17 членови. Седум од нив ќе бидат предложени од релевантни институции, а останатите десет ќе бидат избрани преку јавниот повик. Од редовите на избраните членови ќе се избере и претседател на Одборот. Деталите за структурата, надлежностите и начинот на функционирање ќе бидат дополнително уредени преку Статут и Правилник кои ќе бидат усвоени на следните седници на Одборот.
Рокот за пријавување на јавниот повик е 14 дена, почнувајќи од денес, 10 јуни 2025 година.
Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне транспарентноста, да го намали влијанието на надворешни фактори и да ја спречи политизацијата на процесот, со што ќе се обезбеди долгорочен развој и автентичност на Струмичкиот карневал.
Градоначалникот истакна дека ова е исполнување на даденото ветување пред граѓаните и дека карневалот ќе продолжи да се развива во вистинска насока – како гордост на Струмица и светска манифестација со препознатлив идентитет.
Во прилог линк од документот ЛИНК