Советот на општина Струмица денеска ја одржа 43-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 43-та седница
Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа 43-та седница на којашто усвоија и донесоа одлуки, програми, извештаи и решенија кои се однесуваат на работата на Општината, општински јавни претпријатија и институции.
На седницата беа усвоени Стратегијата за дигитален развој на општина Струмица за периодот 2024 – 2030 година, Планот на програмите за развој за 2025 година, Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2024 година, Одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, како и предлог-измените и дополнувањата на повеќе општински програми.
Зелено светло добија и предлог – одлуките за определување на приоритетен проект финансиран преку Европсска Инвестициона Банка во рамки на проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, за сопствено учество и одобрување на финансиски средства на Општина Струмица за реализација на проект финансиран преку Eвропска инвестиционна банка во рамки на проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија и за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант.
На денешната седница беа усвоени и одлуките за давање на трајно користење на полуподземни контејнери на ЈПКД „Комуналец“- Струмица и на општинското фудбалско игралиште со вештачка трева, извештаите за работењето на ЈПЕД „Струмица-Гас“ и на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“ за периодот од јануари до септември оваа година, извештајот за работата во 2024 и програмата за 2025 година на ЈОУДГ „Детска радост“, анексот на Годишната програма за работа на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за учебната 2024/2025 година и програмата за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица за 2025 година.
Поради истекување на мандатот беа разрешени и именувани нови членови на управните и надзорните одбори на ЈПЗБК „Стационар – ЛАНА“, ЈП „Паркиралишта – Струмица“ и ЈПКД „Комуналец“, а беше именуван и нов претставник на општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ „Јане Сандански“.
На денешната седница беа усвоени и повеќе предлог одлуки од областа на урбанизмот и одлуки за парична помош на четворица граѓани на општина Струмица.