Со 300 илјади денари општина Струмица ќе ја помогне општина Делчево во справувањето со последиците од невремето. Оваа одлука денеска беше донесена на 24-та седница на Советот на општина Струмица, на која советниците усвоија и други одлуки и решенија од повеќе области.
Беа прифатени предлог решенијата за именување на вршител на должност член на управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“, за разрешување и именување на вршител на должност член на Управниот одбор и вршители на должност членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈСП „Струмица – Транспорт“ Струмица.
На Советот беше усвоен Извештајот за работата на ЈП „Паркиралишта“ Струмица за првите три месеци од оваа година, Статутот на Јавното сообраќајнопретпријатие
претпријатие „Струмица – Транспорт“ Струмица, Предлог – Одлуката за усогласување на Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Струмица за 2023 година согласно Законот за еднaкви можности на жените и мажите и Предлог- Одлуки од областа на урбанизмот.