Советот на општина Струмица ја одржа 50-та седница

Советот на општина Струмица ја одржа 50-та седница

Советот на општина Струмица денеска ја одржа 50-та седница. На седницата беа усвоени предлог – одлуките за определување на крајбрежен појас на регулиран водотек, река Водоча, низ дел од блок 8, општина Струмица, определување на крајбрежен појас на регулиран водотек, река Воденишница,  низ блок 17 на с.Банско, предлог – годишните планови за вработување во општинската администрација  на  општина  Струмица, ЈП „Паркиралишта – Струмица”, ЛУБ „Благој Јанков Мучето” и Дом за деца и млади „Благој  Мучето” за 2022 година, како и предлог – одлуките за давање согласност за обезбедени финасиски средства.

Советниците го усвоија предлогот Борче Стојанов да биде член во Управниот одбор на ЗЈПЗБ „Астра- Луна“ Струмица, а зелено светло дадоа и за извештаите за работа на основните општински училишта за учебната 2020/2021 година, предлог – програмите за работа во новата учебна година и за програмите за изведување на  екскурзии и слободни активности за учениците.