Денеска се одржа 44-та седница на Советот на општина Струмица на којашто беа усвоени одлуки и програми од повеќе области во општинска надлежност.
Зелено светло добија одлуките за давање на трајно користење на спортската сала со отстапување на опрема и инвентар на ООУ „Никола Вапцаров”, за утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за изведба на две сервисни улици и изградба на фекални колектори во месноста Софилар, за отуѓување на моторни возила, за донесување на Социјален план на Општина Струмица (2021-2024) и одлука за доделување на парична помош на Сузана Таушанова од Струмица.
На денешната седница беа усвоени и измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување на ЈПЕД „Струмица гас – Струмица” за 2021 година, извештајот за работата на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за периодот од јануари до декември 2020 година и одлуки од делокругот на работењето на ова јавно претпријатие, како и програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година и повеќе одлуки од областа на урбанизмот. Претседателот Марјан Даскаловски извести дека на три седници по ред не присуствувала Мимоза Костуранова Алексиќ, член од редовите на ВМРО ДПМНЕ.