Соопштение во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд проследен со град и силен ветер од  06.06.2025 во населено место Муртино

Соопштение во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд проследен со град и силен ветер од  06.06.2025 во населено место Муртино

СООПШТЕНИЕ

Во врска со природната непогода – поплава од пороен дожд проследен со град и силен ветер од  06.06.2025 во населено место Муртино, Општина Струмица ги известува сите граѓани кои имаат штети, да поднесат Барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Струмица. Барањето може да се подигне од соба 7 од просториите на Општина Струмица. Во прилог на Барањето потребно е да се достави Имотен лист кој го содржи бројот на парцелата за која се бара процена (може и копија) и  Договор за закуп доколку предметната парцела за која се бара процена е во сопственост на друго лице. Комисијата ќе постапи по поднесените Барања согласно законските прописи.

Краен рок за поднесување на Барањата е (Петок) 13.06.2025 година до 14:00 часот.

Тел. за контакт:

Александар Ненчев – 078329373  – Претседател на Комисијата

Емилија Пандева – 078322954 – Член на Комисијата