Состанокот за специфичностите, процедурите и принципите на инклузивното образование во Македонија во рамките на новиот закон за основно образование

Home / Вести / Состанокот за специфичностите, процедурите и принципите на инклузивното образование во Македонија во рамките на новиот закон за основно образование

На иницијатива на Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, а во организација на Одделението за образование при општина Струмица, советникот на Претседателот на Владата за образование, здравствена заштита, социјална заштита и институционален систем за лицата со попреченост, Спасе Додевски, одржа координативен состанок со сите раководители и стручни служби во основните училишта.

Поводот и темата на состанокот беа специфичностите, процедурите и принципите на инклузивното образование во Македонија во рамките на новиот закон за основно образование. Според Додевски, целта на средбата беше да ги подготви, воведе сите чинители во образовниот процес во процесот и специфичностите на идентификација, упатување на процена на функционалноста на учениците со попреченост, методите, пристапите во образовниот процес, но и вовед во предизвиците за обезбедување сервиси и соодветно прилагодување за учениците во процесот, по насоки на новиот систем за проценка на образовните, здравствените и социјални можности на овие ученици според Меѓународната Класификација на функционалноста. Се разговараше и за новата улога на центрите за поддршка во учењето и ресурсните центри. Од Канцеларијата на Претседателот на Владата најавуваат интензивни вакви средби и на регионално и локално ниво во целата држава.