Денеска се одржа седмата работна конференција на Локалниот совет за превенција во општина Струмица на којашто се направи пресек на досегашната работа и резултатите од неа. Градоначалникот Костадин Костадинов е задоволен од работата на Советот бидејќи со заедничка акција на сите партнери во Струмица повеќе нема диви продавачи на текстил долж булеварот „Маршал Тито“ и околу пазарот „Чешел“.
Следни на дневен ред се трајно решавање на отворени проблеми како што се нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“ за што веќе има поднесено кривични пријави од страна на СВР Струмица, вандализмот на урбаната опрема, а пред нас се и нови предизвици коишто ги носи летото, еден од нив е узурпацијата на тротоарите од страна на несовесните возачи. Јас сум задоволен од досегашната работа на Локалниот совет за превенција, а тоа го потврди и ОБСЕ посочувајќи ја Струмица како пример во државата како треба да се решаваат проблемите во општините, рече градоначалникот Костадинов.