Струмица е отворена општина и посветена на развивање партнерства кои придонесуваат за напредок на локалната заедница и зајакнување на регионалната соработка.
Градоначалникот Петар Јанков денеска имаше уште една средба со претставник на дипломатскиот кор во државата – амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипидоу.
На средбата се разговараше за:
- – Можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво.
- – Иницијативи кои можат да придонесат за развој на економската, културната и институционалната соработка.
Беше истакнато дека струмичкиот регион има значајна географска позиција, имајќи предвид дека граничи со Република Грција и Република Бугарија, две земји членки на Европската Унија. Ова отвора дополнителни можности за:
- – Прекугранична соработка
- – Реализација на заеднички проекти
- – Поврзување на институциите и граѓаните од регионот

