Струмица уште еднаш потврди дека е спортски град, а градоначалникот Петар Јанков и општина Струмица, пријатели и поддржувачи на сите спортисти и спортски клубови.
Во организација на Шаховскиот клуб „Цареви кули“, а со поддршка на општина Струмица, во хотелот „Сириус“ се одржа меѓународен Божиќен шаховски турнир на кој учествуваа 106 шахисти кои се натпреваруваа во повеќе категории.
Турнирот го отвори и на учесниците им посака успешно натпреварување, заменик градоначалникот на општина Струмица Владимир Ристов, кој потврдувајќи ја важноста на спортот, пред се за младите, потенцираше дека општина Струмица ќе продолжи со континуирана поддршка на спортистите и спортските настани.


