Успешно се одржа уште едно издание на најмасовниот спортски настан на улиците во Струмица „Струмица на улица“ под покровителство на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица.
Нашиот национален и балкански шампион Дарио Ивановски победи во дисциплината полумаратон и го смени рекордот на патеката со време од 1:08:38, на второ место заврши нашата струмичка гордост Жан Тосев со извонредно време од 1:14:35 и трет Дамјан Малиновски со време од 1:19:45. Во женска конкуренција победи Адријана Поп Арсова која исто така го урна рекордот на патеката со време од 1:21:28, на второ место заврши Фросна Михајловска со време 1:38:19 и на трето место Марија Пеликон 1:39:58. Во овој спортски настан учествуваа 300 тркачи во машка и женска конкуренција од повеќе генерации.