Струмица со нови мерки за побезбеден локален сообраќај
Општина Струмица претставувана од Томе Марангозов, учествуваше на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“ којашто во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска се одржа во Скопје.Целта на конференцијата беше размена на добри практики и искуства, унапредување на меѓуинституционалната соработка и утврдување на заеднички пристапи за подобрување на сообраќајната безбедност во урбаните и руралните средини.Марангозов информираше дека врз основа на анализи, дискусии и предлог решенија од страна на учесниците, се дефинирани конкретни насоки за поефикасно дејствување на локално ниво, кои општина Струмица целосно ќе ги спроведе во интерес на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.Потврда на овие заложби е и потпишувањето на Декларација за безбедност во сообраќајот на патиштата на локално ниво која ќе биде двигател на сите активностиза безбедност во сообраќајот и патоказ кон остварување на долгорочната визија за НУЛА ЗАГИНАТИ во сообраќајот на патиштата во Македонија.


