Пополнете го прашалникот и бидете дел од урбаниот напредок на Струмица!

Општина Струмица изработува План за одржлива урбана мобилност – стратешки документ кој обезбедува долгорочна визија за одржлив транспорт во градовите. Со воведувањето на јавниот електричен превоз и изградбата на велосипедските патеки во градот, нашиот урбан напредок стана препознатлив и не внесе во долгорочната визија за одржлив транспорт во градовите којашто ја реализира италијанско – турски конзорциум. Целта на Планот за одржлива мобилност е да го подобри јавниот превоз, да поттикне пешачење и велосипедизам, да ја намали употребата на автомобили, а со сето ова да го намали и загадувањето. Како Општина партнер на граѓаните, ги вклучуваме и нив во процесот на планирање и континуирано следење на резултатите.

Затоа почитувани граѓани, дајте го вашиот влог во урбаниот напредок на нашата Струмица и пополнете го прашалникот на линкот.

Линк од прашалник