Градоначалникот Петар Јанков, заедно со своите соработници, одржа работна средба со претставници на компанијата „Смарт Флоу“, која ја доби јавната набавка за поставување на шест нови мерни инструменти за следење на квалитетот на воздухот на шест нови локации во општина Струмица.
Со поставувањето на новите мерни станици значително ќе се прошири и унапреди постоечката мрежа за мерење на квалитетот на воздухот. На тој начин граѓаните ќе добиваат попрецизни, подостапни и навремени информации за состојбата со воздухот.
На средбата се разговараше и за нови решенија и можности кои во иднина би можеле да се имплементираат во општина Струмица, со цел понатамошно подобрување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

