Третиот по ред Get EXITed настан пристигнува овој септември во Струмица! 

Третиот по ред Get EXITed настан пристигнува овој септември во Струмица! 

Третиот по ред Get EXITed настан пристигнува овој септември во Струмица!

На денешниот настан за медиумите во Големиот парк во Струмица, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и претставници од фестивалот EXIT го најавија продолжувањето на заедничката соработка преку третото по ред издание на Get EXITed настанот во Струмица. На прес-конференцијата се обрати и фронтменот на рап бендот Дизивија – Драги Андонов изразувајќи го своето неверојатно задоволство од продолжувањето на овој проект трета година по ред. Овој, сега веќе традиционален еднодневен музички спектакл, на големо задоволство на организаторите, изведувачите и публиката, претставува неверојатно плодна почва за создавање на еден од најквалитетните музички фестивали на Јужен Балкан.

За точно три недели Струмица ќе биде домаќин на некои од најголемите имиња на светската и регионалната музичка сцена, како и познати локални изведувачи од најразлични жанрови. Во петок, 6 септември, хитмејкерите Meduza тешки повеќе милијарди прегледи, креаторите на светски познатата клупска химна „The Mirage“ – Agents of Time, афро-хаус дивата Layla Benitez, кралицата на балканската сцена Senidah, како и локалните изведувачи 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija.

„Фестивалот „Get EXITed“ за краток временски период се етаблираше како еден од настаните во годината кој со нетрпение го очекуваме, обединувајќи светски и регионални ѕвезди на едно место кои придонесуваат за незаборавно искуство под Струмичкото небо. Успехот на овој фестивал е доказ за вистинската, братска соработка помеѓу соседни земји како Србија и Македонија, за посветеноста и ангажманот на сите инволвирани страни – од организаторите, до уметниците и се разбира, ентузијастите во публиката. Струмица продолжува да демонстрира квалитети на регионален центар – домаќин на настани од светска класа, а овогодишното издание на Фестивалот кој прераснува во традиција, ќе биде само уште една потврда за ова.“ – изјави градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.

„Мисијата на „EXIT“ од неговото основање е поврзување на регионот и промовирање на мирот. Врската што EXIT ја гради со Македонија речиси четврт век е нераскинлива, а Get EXITed е само уште еден начин за дополнително зајакнување на таа врска. По две успешни изданија, неверојатно се радуваме на уште едно дружење со нашиот македонски тим, а со неверојатната програма што ја подготвивме, сигурни сме дека и публиката со нетрпение ја очекува оваа синергија. Наша желба е овој, сега веќе традиционален настан, да прерасне во голем македонски фестивал кој ќе ја направи Струмица важна точка на мапата на музичките случувања на Балканот“ – велат од тимот на EXIT.

На конференцијата пред присутните се обрати и Драги Андонов, попознат како Кискин:

„Како локален артист, овој настан за мене има посебна важност. “Get EXITed“ е повеќе од фестивалска сцена – овој фестивал е платформа која нуди можност да го прикажеме неверојатниот талент што го имаме во нашата држава. Покрај присуството на светски познати имиња, овој фестивал креира можност за локалните артисти како мене да ги претстават својата музика и талент пред пошироката публика. Воедно, со доближување на светската сцена до нас и со можноста за запознавање и споделување на искуство со искусни музичари и артисти, “Get EXITed“ нѐ поттикнува да бидеме покреативни, поиновативни и да донесеме нешто свежо и уникатно на нашата сцена“.

Get EXITed како концепт на еднодневен музички настан досега ги собра големите имиња од светската и регионалната сцена како John Newman, Burak Yeter , Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Konstrakta, Van Gogh, Lanna и многу други, со повеќе од 20.000 разиграни фанови во публиката. Овогодинешното издание со одлични имиња како Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez, Senidah, 2Bona, Young Dadi, Zee, Matej Foltz, DJ Popeye и Divizija ветува неверојатна забава под отворено небо за сечиј музички вкус!