Узурпацијата на јавните површини во населбата Карпош тема на конференцијата на Локалниот совет за превенција

Узурпацијата на јавните површини во населбата Карпош тема на конференцијата на Локалниот совет за превенција

Локалниот совет за превенција денеска ја одржа 18-та работна конференција на која на дневен ред беа актуелниот проблем со узурпацијата на јавни површини во дел од населбата Карпош и презентацијата на истражувањето на лабараторијата „Амбикон“ во рамки на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за утврдување на главните извори за загадување на воздухот во Струмица.

Според Ѓорги Аризанов, секретар на Локалниот совет за превенција, договорено е да се засилат контролите од страна на МВР за да не може да се узурпираат тротоарите од страна на градежните компнании кои изведуваат градежни работи во населбата Карпош, а една пешачка патека постојано да биде слободна за движење на пешаците, посебно на учениците и ќе зачестат и контролите од општинските инспекциски служби, а ЈПКД „Комуналец“ да учествува во расчистувањето на сметот во оваа населба.

На денешната конференција беа презентирани и резултатите од истражувањето на лабараторијата „Амбикон“ во рамки на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип за утврдување на главните извори за загадување на воздухот во Струмица, според која  главни извори на загадувањето се затоплувањето на дрва, односно користење несоодветен огревен материјал и загадувањето од автомобилите.

Локалниот совет за превенција донесе заклучок Општината да ангажира акредитирана лабараторија, односно да направи договор со истата за да може кога ќе се констатира загадување, инспекцијата да земе примерок од тоа што се користи за затоплување. Од страна на претставници на Општина Струмица беше истакнато дека се работи на решавање на проблемот со ангажирање на акредитирана лабараторија и се очекува наскоро овој проблем да биде решен.