Утре започнува новото издание на „Струмица опен фестивал“

Утре започнува новото издание на „Струмица опен фестивал“

Утре започнува овогодинешното 12-то издание на „Струмица опен фестивал“ наменет за граѓаните од сите генерации со различни вкусови, а кои до 13-ти август ќе имаат можност да уживаат во 23 фестивалски содржини кои ќе се одржат на повеќе локации во Струмица.

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска одржа состанок со координаторите на настаните на којшто беше констатирано дека се е подготвено за продолжување на убавата приказна наречена „Струмица опен фестивал“.

Струмица опен фестивал“ ги задржува традиционалните настани кои се одржуваат секоја година, но тие ќе бидат надополнети и со нови и креативни содржини.

Во периодот од 10 до 13 август се планирани музички концерти кои имаат за цел негување и популаризација на македонската музика. Во тој дел ќе бидат застапени летната школа за гитара со многу гости, камерниот оркеатар од Битола, а настапи ќе имаат и Иван Кукиќ, Александра Јанева и уште неколку музички имиња кои ќе ја збогатат програмата на „Струмица опен фестивал“ оваа лето.

Убеден сум дека и годинава овој фестивал ќе го привлече вниманието на граѓаните од нашата општина, но и на оние од соседните општини. Нека ни е со среќа, рече градоначалникот Костадинов.