Учениците од четврто одделение во ООУ „Сандо Масев“ денеска беа во посета на градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и општинската администрација.
Во опуштена и пријатна атмосфера помина средбата на градоначалникот Петар Јанков и учениците којашто се одржа во просториите на Младинскиот центар.
Градоначалникот Јанков максимално ја испочитува детската љубопитност и со посебно задоволство одговараше на прашањата за градоначалничката функција и работата на Општината, а им вети дека ќе ја направи Струмица поубаво место за сите, а посебно за децата.
Учениците престојуваа и во кабинетот на градоначалникот Петар Јанков, а посетија и неколку одделенија во општинската зграда.
Оваа посета е во рамките на практичниот дел по предметот Општество што го изучуваат учениците од четврто одделение во основните училишта.



