Почитувани просветни работници, почитувани сограѓани,
24.Мај со векови се одбележува како Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Денес ги чествуваме светите солунски браќа кои со својата „глаголица“ станаа втемелувачи на нашата писменост и на писменоста на сиот словенски свет. Повеќе од единаесет векови ги ползуваме азбуката, писменоста и духовноста како бесценети дарови од двајцата словенски апостоли, просветители и учители. Тие дарови се нашето минато, сегашност и иднина, и како такви треба да ги чуваме и негуваме.
Нека ни е честит Денот и споменот на сесловенските просветители Св Кирил и Методиј.