Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Курбан Бајрам, еден од двата најголеми празника во исламската вера, и годинава е убава можност за сите Вас, да останете верни на духовната традиција и да ги покажете на дело љубовта, разбирањето и милосрдието како највисоки човекови вредности.
Овој Ваш празник како олицетворение на солидарноста, нека ве води кон остварувањето на Вашите цели, а тоа се: почитта, духовниот мир, простувањето, хармонијата меѓу луѓето, хуманоста и толерантноста.
Ви го честитам Курбан Бајрам со желба за добро здравје, спокоен живот и семејна благосостојба. Нека ви е вечно празнувањето.