Oпштина Струмица оваа година по петти пат објавува Јавен повик во рамките на Програмата Општинско – корисна работа со проект под наслов „Лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“.
Проектот е поддржан и финансиран од страна на УНДП, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување на РСМ и Локалната самоуправа на Општина Струмица.
Селекцијата е направена согласно донесената одлука на Владата на Република Северна Македонија за организирање на наставата во основните и средните училишта донесена на 18.08.2020 согласно која образовната програма за 2020/2021 година ќе се одвива онлајн со напомена учениците од прво до трето одделение да посетуваат настава со физичко присуство во училница, согласно капацитетите на училиштата за спроведување на планот и протоколите на Министерството за образование и наука и со одобрување од родителите.
Согласно извршената селекција од страна на Работното тело на Програмата Општинско – корисна работа од УНДП ќе бидат финансирани 6 асистенти (4 образовни и 2 лични) со 80% учество и со 20% учество од Општина Струмица , додека 8 асистенти (1 образовен и 7 лични) ќе бидат целосно финансирани од страна на Општина Струмица.
Личните и образовните асистентите ќе бидат ангажирани при наставата на деца со попреченост кои се вклучени во редовниот образовен процес согласно протоколите кои ќе бидат дефинирани од страна на Министерството за образование.
Целиот јавен повик може да го видите на следниот линк