Јавен повик – Презентација на нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина за проект за инфраструктура

Во организација на Јавното претпријатие за државни патишта на ден 25.09.2020 год. (петок) ќе се одржи презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проект за инфраструктура за “Изградба на експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1” во вкупна должина од 25 км.

Презентацијата ќе се одржи во просториите на Дом на АРМ
општина Струмица со почеток во 11.00 часот.

Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животна средина за проектот е достапен во ЈП за државни патишта (ул. „Даме Груев“ бр. 14, Скопје), општина Валандово (ул. Иво Лола Рибар бр.3, 2460 Валандово) и во оппштина Струмица (ул.”Сандо Масев” бр.1, 2400 Струмица) во електронска форма, достапен е на следните интернет страници:
www.roads.org.mk, www.valandovo.gov.mk и www.strumica.gov.mk

Нацрт извештај – ЛИНК

ЈП за државни патишта ги повикува сите заинтересирани институции, невладини организации и поединци да присуствуваат на јавната расправа.

Лице за контакт:

Јавно претпријатие за државни патишта

Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.305
E-mail: saska@roads.org.mk
Web: www.roads.org.mk