ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА СТРУМИЦА за период 2025 -2029 година

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА СТРУМИЦА за период 2025 -2029 година

Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22, 171/22 и 3/25) и Законот за квалитет на амбиентен воздух („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 163/13, 10/15, 146/15, 151/21 и 3/25), Градоначалникот на Општина Струмица:

 

О Р Г А Н И З И Р А

 

Јавна презентација и јавна расправа за План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година.

Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година.

План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 е објавен на веб страната на Општина Струмица www.strumica.gov.mk почнувајќи  од 10.04.2025 год. до 24.04.2025 год.

Јавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 25.04.2025г. во салата на совет на Општина Струмица, со почеток во 11 часот.

Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година до Општина Струмица во рок од 15 дена од денот на објавување на оваа информација.

Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за Општина Струмица за период 2025 -2029 година и истите можете да ги испраќате на е_маил: tomislav.andreev@strumica.gov.mk, во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица, секој работен ден од 08.00-16.00 часот или по пошта на следната адреса: Благој Јанков Мучето б.б дом на Арм Струмица.

 

Во прилог линк од документот план за подобрување на квалитето на воздух на општина Струмица: ЛИНК

                                                                                   

 

Градоначалник на Општина Струмица

                                                            Костадин Костадинов