Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз и министерот за култура, Хусни Исмаили, денеска, го потпишаа Договорот за користење на грантот со кој ќе се ревитализира и конзервира манастирот „Света Богородица Елеуса“ во населеното место Вељуса. На потпишувањето во дворот на манастирот присуствуваше и градоначалникот, Коста Јаневски.
рантот е во висина од сто илјади долари обезбеден од постојаната програма на Стејт Департментот на САД, познат како Амбасадорски фонд за културна заштита и во наредните две години со овие средства треба да се изврши реставрација и зачувување на црквата и нејзините фрески. Пред потпишувањето на Договорот, градоначалникот Коста Јаневски и Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, остварија средба на која што разговараа за актуелните состојби, пријателските односи, соработката и за карактеристиките на општина Струмица.