Градоначалникот Костадин Костадинов на заедничка прес конференција со директорите на „Комуналец“ и „Струмичко поле“ најави трајно решавање на проблемот со поплавите на дел од улицата „Младинска“. Повеќе пати сум кажал, ќе повторам и денеска. Јас сум Градоначалник на сите и дојдов на оваа функција за да ги решавам проблемите, а не да бегам од нив, се соочувам со нив и барам решение. Факт е дека на улиците во понискиот дел на градот, посебно на најниската кота, улицата „Младинска“, има сериозен повеќегодишен проблем после секој пообилен дожд и еве ви најавувам дека од денеска сериозно се зафаќаме со работа за трајно решение на проблемот и најитно ќе се заложам за изработка на проект за реконструкција на улицата, рече градоначалникот Костадинов.
Ќе се решава проблемот со поплавите на дел од улицата „Младинска“
