108 струмичани добија субвенции за велосипеди – мерката целосно реализирана

108 струмичани добија субвенции за велосипеди – мерката целосно реализирана

‍♀️Со задоволство ве информираме дека Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица за купување на велосипед за 2026 година е успешно завршен.

Заклучно со 02.04.2026 година, преку оваа мерка:

-108 граѓани добија субвенција за купен велосипед!
– Искористени се 100% од предвидените средства!
– Преку засилена контрола, детална и транспарентна проверка на пазарната вредност успеавме да спроведеме најефикасно искористување на средствата досега, опфаќајки ги сите возрасни групи!

Ви благодариме за интересот и учеството!

Општина Струмица останува доследна на своите заложби за поздрава и почиста животна средина!