Градоначалникот на Општина Струмица :
ОБЈАВУВА
Издавање на Б Интегрирана Еколошка Дозвола на ДПТУ ОСТРОГ-ЛУНА ДООЕЛ Струмица – Инсталација за преработка на масла и производи од масла
Врз основа на член 113 , член 122 став 4 од Законот за заштита на животната средина (Сл.весник на РМ бр:53/2005 , 81/2005 , 24/2007 , 159/08 , 83/2009 , 48/2010 , 124/10 ,51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 44/15 , 129/15, 192/15 , 39/16 , 99/18 , Сл.в на РСМ 89/22 и 171/22 ) , Градоначалникот на општина Струмица , издаде Б Интегрирана Еколошка Дозвола на операторот ДПТУ ОСТРОГ-ЛУНА ДООЕЛ Струмица
Подносител на барањето:
ДПТУ ОСТРОГ-ЛУНА ДООЕЛ Струмица Инсталација за преработка на масла и производи од масла
Адреса на подносителот:
ул. Атанас Мучев бр.2 Струмица
Контакт лице:
Силвана Крстева
Категорија на инсталацијата:
Прилог 2 ,
6.Останати активности
6.4(под б) Обработка и преработка наменети за производство на храна од : растителни суровини со капацитет на производство од 30 до 300 т/ден (просечна дејност на квартална основа)
Сл.весник 89/05:
Вид на активности:
Инсталација за преработка на масла и производи од масла
Целокупната документација содржана во барањето , програмата за подобрување на активностите за заштита и унапредување на животната средина кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација ќе бидат достапни за заинтересираната јавност во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Дозволата во Слободен печат и на web страната на општина Струмица www.strumica.gov.mk, во Одделението за заштита на животната средина во просториите на ДОМ на АРМ во Струмица
Секој работен ден од 08:00-16:00 часот
Контакт телефон : 076/483-301.
ГРАДОНАЧАЛНИК
на ОПШТИНА СТРУМИЦА
Костадин Костадинов