Решение за свикување на педесет и третата седница  на Советот на општина Струмица  

Решение  за свикување на педесет и третата седница  на  Советот на општина Струмица   

Совет на општина Струмица

Бр.08 – 4989/1

09.07.2025 год.

С т р у м и ц а

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

 

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на педесет и третата седница  на

Советот на општина Струмица

 

 

Ја свикувам педесет и третата седница на Советот на општина Струмица за ден 16.07.2025 година (среда).

 

Педесет и третата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 10,00  часот.

 

За работата на седницата предлагам:

 

Усвојување на записниците од 51-та и 52-та седница на Советот на општина Струмица

 

Д н е в е н   р е д

 

  1. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за 2025 година;
  2. Предлог – Програма за измена на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2025 година;
  3. Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  4. Предлог – Програма за измена на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита  на локални патишта  и улици  на територијата на Општина Струмица за 2025 година;
  5. Предлог – Програма за измена на Програмата за активности во областа на заштитата на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година;
  6. Предлог – Програма за измена на Програмата за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица  за 2025 година;
  7. Предлог – Програма за измена на Програмата за поставување на  урбана опрема на територијата на општина Струмица за 2025 година;
  8. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Струмица;
  9. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Катерина Јанева од Струмица;
  10. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Јулијана Јанев од Струмица;
  11. Предлог – Одлука за утврдување на режим на сообраќај за средства за смирување (забавување на сообраќајот на ул.„Ѓорѓи Трајков“ пред ООМУ „Боро Џони“, во н.м Просениково пред ООУ „Герас Цунев“ и во с.Добрејци на потегот од КП 2402 до КП 2352, општина Струмица;
  12. Предлог – Решение за именување член во Управниот одбор на ДСУ – Регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ Струмица;
  13. Советнички прашања.

 

 

 

 

 

 

                                                                      Совет на општина Струмица

          Претсeдател,

        Марjан Даскаловски