Денот на заштитниците на Струмица, Свети 15 Тивериополски свештеномаченици, учениците од средните и основните училишта од општина Струмица, го одбележаа со спортски натпревари. Во конкуренција на средни училишта, првото место во баскет го освои екипата на СОУ „Јане Сандански“ од Струмица, а во конкуренција на основни училишта, првото место во кошарка го освои ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица. За најдобар играч беше прогласен ученикот Ненад Петров.