Општина Струмица со сите свои ресурси е вклучена во спречувањето на ширењето на корона вирусот и заштита на здравјето на граѓаните.
Од раните утрински часови машински и рачно е извршена дезинфекција на градскиот плоштад и останатите големи јавни површини, најфреквентните сообраќајници во градот и комплетната урбана опрема.
Дезинфекцијата ја извршија ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица, а истата ќе продложи и во наредните денови.
Извршена е дезинфекција на јавните површини и урбаната опрема во Струмица
