Други образовни институции

Други образовни институции

РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ “ЈОСКА СВЕШТАРОТ”

ул. Благој Јанков Мучето бб, Тел: 034/ 344 – 796


Основан во 1953 години, како еден од првите центри во државата. Тој се наоѓа во рамките на КГС” Партизан”. Во рамките на универзитетот од 1980 година функционира одделот за странски јазици. Денес се изучуваат: англиски, германски, италијански, француски, шпански, грчки, бугарски и македонски за странци. Врши подготовка за добивање на меѓународни сертификати. Овде се оддржуваат и курсеви по информатика. Работнички Универзитет има курсеви преку кои овозможува стручно образование за повеќе видови занаети. Холот на работничкиот универзитет се користи како Изложбен салон. Од 1998 година РУ развива богата меѓународна соработка.

ЦЕНТАР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И КУЛТУРА “АБЦ”

ул.плоштад Гоце Делчев бб, тел: 034 / 344 – 455

Започна со функционирање на 10.10.1993 година. Во центарот егзистираат повеќе оддели. Еден од нив се курсевите за странски јазици, каде се изучуваат: англиски, француски, германски, италијански и грчки јазик, потоа има курсеви по информатика и интернет. Групите се поделени според возраста: за деца, младинци и возрасни. Во центарот постојат и курсеви за хорско пеење, драма и спортски активности. Досега имаат поминато над 10 000 членови низ курсевите на “АБЦ”. Центарот соработува со сите странски амбасади, чии јазици се изувуваат во него и издава меѓународно признаени дипломи.

СЗТК “НАРОДНА ТЕХНИКА”

ул.”Братство и единство” бр.29, тел: 034/321-797

Формирана во 1946 година за развивање на образовна и воспитна функција во остварување на дејноста на техничката култура. Во нејзин состав влегуваат здруженија, сојузи, клубови, друштва и тоа: фотоклуб, киноклуб, видеоклуб, аероракетен клуб, радиоклуб, сојуз на клубови на млади техничари и природници, сојуз на инжинери и техничари, друштво на наставници по техничко образование, движење “наука на младите”, млади истражувачи, автомото друштво “Стрела”, и пливачко нуркачки клуб “Делфина”. Досега, преку курсеви, обука и семинари поминале над 10.000 членови на возраст од 10 до 70 години. Овде се организираат повеќе општински и регионални натпревари и тоа: “Смотра на КМТП”, “Млади истражувачи”, “Квиз на знаења 5+”. Членовите на народна техника имаат постигнато врвни резултати на регионално и на државно ниво.

МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР “ВАВИЛОН”
ул.”11 Октомври” б.б. (Струмички инкубатор), Тел: 034/ 324 – 016

Е проект за развој на деца и млади имплементиран од агенција за млади и спорт, како еден од 24 центри отворени во државата. Проектот започна со функционирање во март 2001 година. Основни активности во центарот се: англиски, компјутери, креативност и животни вештини. Активностите ги спроведуваат 4 едукатори и волунтери. Корисници на центарот се деца (7-13) и млади (14-27), а нивниот број се движи околу 600 месечно. Посебен акцент се става на младите и младинската програма и ги подржува иницијативите на младите.