Градоначалник

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

ПЕТАР ЈАНКОВ

Петар Јанков е роден на 13 јануари 1976 година во Струмица.

Основно и средно образование завршил во Струмица.

Дипломирал како менаџер по царина и шпедиција на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид при Универзитетот Свети Климент Охридски во Битола.

Од 2007 година работел во Царинската управа на позиција виш цариник.

Во 2018 година ја напуштил јавната служба и продолжил да работи во приватниот сектор.

Јанков е член на ВМРО- ДПМНЕ. На Локалните избори во 2025 година како кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Струмица победи во првиот круг на 19 октомври.

На функцијата Градоначалник на Општина Струмица е од 27 октомври 2025.

Петар Јанков е сопруг и татко на две деца.