Известување

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, а по предлог од Министерството за здравство кои се однесуваат за превентива и заштита од вирусот Ковид 19 (Корона вирус), објавени на ден 12.03.2020 година, работата со граѓаните кои имаат потреба од документи, достава на барања, Решенија за платен данок и други списи кои ги издава администрацијата на Општина Струмица, да БИДЕ СВЕДЕНА НА МИНИМАЛНО НИВО И ДА СЕ РЕШАВААТ САМО ИТНИТЕ И НЕОДЛОЖНИ БАРАЊА

Се препорачува на граѓаните, за секој проблем кој го имаат, а за кој е надлежна Општина Струмица, да ги користат контактите по електронски пат и тоа преку веб страницата на Општина Струмица – www.strumica.gov.mk.

Е – контакти со општината и телефонски броеви на раководители – линк

На истата веб страница се истакнати телефонски броеви на сите служби, како и електронска пошта, со цел побрза комуникација, а во исто време почитување на препораките од страна на Влада на Република Северна Македонија, кои се во насока на спречување на ширење на вирусот Ковид 19.

Општина Струмица

Градоначалник, Коста Јаневски