Известување

Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб донесен на 10.04.2020 година, Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување при општина Струмица, не смее да издава дозволи за движење на лица за време на забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија.Заинтересираните субјекти своите барања да ги достават до надлежните државни институции, односно до министерството за внатрешни работи и министерството за информатичко општество и администрација.