Јавен повик за избор на стручно лице – обучувач за реализација на активноста „Од селектиран отпад до нов креативен производ“

Јавен повик за избор на стручно лице – обучувач за реализација на активноста „Од селектиран отпад до нов креативен производ“

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен Весник на Р.М.” бр.05/02 ), се со цел остварување на целите и имплементација на активностите предвидени во програмата за активностите во областа на Заштита на животната средина на подрачјето на Општина Струмица за 2025 година бр.08.9772/1 од 26.12.2024 год. објавена во Службен гласник бр.17/24 на Општина Струмица, како и нашата цел унапредување на политиките и плановите поврзани со Заштита на животната средина, Градоначалникот на Општина Струмица, објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

 за избор на стручно лице – обучувач за реализација на активноста Од селектиран отпад до нов креативен производ на територија на Општина Струмица

 

  1. Опис на Јавниот повик

 

Активноста „Од селектиран отпад до нов креативен производ“ претставува обврска и грижа за унапредување на животната средина кое произлегува од стратешките документи на Општина Струмица, кои ја наметнуваат потребата за подигање на повисоко ниво на јавната свест и развој на образованието за заштита на животната средина. Оваа активност претставува продолжение на веќе организираното селектирање на повеќе видови на отпад на територија на општина Струмица. За да се заокружи целиот процес на намалување на отпадот, после правилната селекција, најзначајно е да се работи на одржливоста на истиот, односно да се превземаат активности за реупотреба на селектираниот отпад.  Сето ова може да се постигне со практикување на циркуларна економија, од причина што тоа е процес што треба да се одвива на долгорочен план, континуирано и истиот се темели на принципот на одржливост.

Додека линеарната економија се сведува на профит со искористување на природните ресурси, особено оние што се необновливи, врз принципот земање, искористување и фрлање ( создавање отпад ), кој понатаму негативно влијае врз животната средина, циркуларната ( кружна ) економија се стреми кон одржлив начин на делување, управување со ресурсите што се ограничени и селектирање, рециклирање и менаџирање со отпадот. Се разбира, во целиот процес на производство најбитно е создавање на минимум отпад.

Преку примена на циркуларна економија, општина Струмица се стреми да оди чекор напред, следејќи ги светските трендови со справување со загадувањето на животната средина и климатските промени. Циркуларната економија значи намалување на отпадот, намалување на ризикот од загадување на водата, почвата и воздухот, заштеда на необновливи извори, реупотреба или рециклирање на отпадот.

 

  1. Цел на Јавниот повик

Целта на Јавниот повик е преку образовниот процес да се зајакнат капацитетите во поглед на заштита на животната средина и правилно управување со отпадот. Се со цел искористување на капацитетите на стручните лица и доближување на младите за значењето на циркуларна или кружна економија, а во соработка со Одделението за заштита на животната средина при Општина Струмица ќе се спроведе активност ,,Од селектиран отпад до нов креативен производ“, за која на јавен повик ќе биде избрано стручно лице – обучувач со соодветно ( конкретно ) понудено решение како и целосно негово спроведување, а кое ќе биде наменето за практикување во училиштата, со краен резултат – практични применети обуки преку конкретни фази за изработка на готов краен производ, со цел правилно менаџирање и реупотреба на селектиран отпад како и негово намалување во непосредната околина.

Избраното стручно лице – обучувач за реализација на активноста  ,,Од селектиран отпад до нов производ“ на територија на општина Струмица треба да ги спроведе следните активности:

  • Одржување на обуки на учениците за можностите и начините за реупотреба на селектиран отпад, односно како правилно селектираниот отпад на едноставен, брз, иновативен и креативен начин може да се искорити за креирање на нов корисен краен готов производ, како и што може да се направи, односно каков нов производ може да се направи од веќе правилно селектираниот отпад на едноставен и брз начин кој нема да бара посебни услови за негово усовршување и практикување.
  • Одржување на работилници за изучување на трајни животни вештини преку усовршување на едноставни техники за изработка на нови готови производи од селектиран отпад ( најмалку 15 работилници ).
  • Создавање на готов производ од селектиран отпад, заедно со сите учесници (ученици) за време на работилниците ( најмал број на учесници да биде 10 ).
  • Обезбедување на целокупниот потребен основен и помошен материјал за одржување на работилница за изучување на трајни животни вештини.
  • При реализација на активностите да биде запазен принципот на разновидност, односно да бидат опфатени неколку видови на селектиран отпад.
  • Целосно организирање, управување ( менаџирање ) и спроведување на сите потребни активности за целосна реализација на целите и потребите на Јавниот повик.

 

  1. Расположливи средства и временска рамка

Во корелација со донесената програма на Општина Струмица во областа на Животната средина за 2025 година – Програма Р1, за реализација на активноста ,,Од селектиран отпад до нов производ“, предвидени се финансиски средства во висина од 300.000 денари, со вклучен персонален данок.

Спроведувањето на активностите ќе биде во координација со општина Струмица, избраниот обучувач и образовните институции и истите да бидат спроведени заклучно со месец Јуни.

 

  1. Потребна документација

 Апликантот кој ќе се јави на Јавниот повик мора да ги поднесе следните документи:

– Документ за  докажување на професионалните компетенции, односно доказ за завршено високо образование од областа на ликовна уметност, применета уметност, дизајн

–  Листа на реализирани проекти и активности од областа на применета уметност, примена на дизајн и естетика врз предмети од секојдневна употреба, дизајн и креативни идеи додадени на практични објекти, традиционални вештини и уметност, животна средина

– Краток и јасен наративен опис на активности со претпоставен буџет и временски распоред на активностите

Видливост/промовирање

– Копија од лична карта/пасош на апликантот

– Копија од трансакциска сметка

 

  1. Право на учество на Јавниот повик

Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица, граѓани на општина Струмица, кои имаат професионална способност и квалификации кои се погоре наведени и неопходни за успешна имплементација на целите и потребите на Јавниот повик.

 

  1. Начин на пријавување на Јавниот повик

Целосната потребна документација мора да биде поднесена во еден (1) примерок во печатена форма и еден во електронска форма (CD или USB), спакувани во запечатено плико на кое е наведено за кој јавен повик се аплицира, по препорачана пошта или лично, во текот на работните денови (понеделник-петок), од 08: 00 до 15:00 часот, во Архива на Општина Струмица  на следната адреса:

Општина Струмица
Ул. Сандо Масев бр.1
2400 Струмица

со назнака:

НЕ ОТВАРАЈ ПРЕД ОФИЦИЈАЛНО ОТВАРАЊЕ !!! на горниот лев агол, а во долниот десен агол да стои: За избор на стручно лице за реализација на активноста „Oд селектиран отпад до нов креативен производ“

Сите апликации кои се испратени на друг начин (на пр: по факс или е-пошта) или кои се испорачани на друга адреса нема да бидат разгледувани.

Прашања во врска со јавниот повик може да се испраќаат по е-пошта на verica.georgijevska@strumica.gov.mk и притоа треба да се наведе за кој јавен повик се однесува. Прашањата може да се поднесуваат најдоцна 5 дена од објавување на Јавниот повик.

Крајниот рок за поднесување на документите е 10 дена по објавување на Јавниот повик на општинската веб страница www.strumica.gov.mk. Документите кои се поднесени по истекот на рокот ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање пред официјалниот краен рок.

Сите подносители на Јавниот повик, независно дали истите се прифатени или одбиени, ќе бидат известени во писмена форма за изборот на стручното лице кое ќе ја спроведува активноста објавена во Јавниот повик, веднаш по извршената евалуација за избор. Резултатите ќе бидат објавени на општинската веб страница и на општинската огласна табла.

 

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

За спроведување на јавниот повик Градоначалникот ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените апликации, која врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите дадени во Јавниот повик, во рок од 5 дена по завршување на рокот за аплицирање, ќе донесе Одлука за избор на стручно лице за реализација на активноста ,, Од селектиран отпад до нов производ“. По донесување на Одлуката за избор, Општина Струмица ќе потпише Договор со избраното стучно лице. Со потпишување на Договорот ќе започнат и предвидените активности.

Комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати апликации и ќе изврши избор на  најсоодветно лице кое ги има доставено сите потребни документи и има професионална способност и квалификации кои се неопходни за успешна имплементација на целите и потребите на Јавниот повик, согласно доставената листа на реализирани проекти или акивности, планот за спроведување на активностите и видливост и временската рамка.

Исто така Комисијата ќе биде задолжена согласно доставениот план за спроведување на активностите да врши мониторинг за време на спроведување на истите и да го следи квалитетот и навременото извршување на истите.

Се задолжува избраното стручно лице  во рок од 10 дена по завршување на сите активности дадени во планот до Општина Струмица да поднесе финален наративен и финансиски извештај, поткрепен со слики, фискални сметки и постигнат краен резултат.

 

ПРЕВЗЕМИ ЈА ПРИЈАВАТА ЛИНК

                                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                                                             НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

                                                                                                           Костадин Костадинов