Јавен повик за времен ангажман на евидентирани невработени лица за вклучување во Проект „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во основно образование“.
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во основно образование“, за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со попреченост кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Струмица во учебната 2024/2025 година.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 9 (девет) месеци, почнувајќи од 01 септември 2024 година до крајот на учебната 2024/2025 година.
Во прилог линк од документот за јавен повик ЛИНК