Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“, бр. 5/2002) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“, бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска Одлуката за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 29.12.2025 со архивски број 08-9667/1, Одлуката за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Виножито“ Струмица донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 29.12.2025 со архивски број 08-9668/1 и Одлука за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица за 2025 година донесена на седница на Совет на општина Струмица на ден 29.12.2025 година со архивски број 08-9671/1, Градоначалникот на општина Струмица објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица
- УСЛОВИ И КРИТЕРИУМИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НАДОМЕСТ ЗА ПРЕСТОЈ ВО ДЕТСКА ГРАДИНКА
1.Правото на партиципација во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на општина Струмица.
2.Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца во тековната 2026 година, започнувајќи од 01.01.2026 до 31.12.2026 година се родителите на деца кои престојуваат во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, доколку:
– Eден од родителот е починат;
– Eден од родителот е непознат;
– Детето е од разведен брак;
3.Згрижувачки семејства кои имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на згрижувачките деца во тековната 2026 година, започнувајќи од 01.01.2026 до 31.12.2026 година се згрижувачки семејства на деца кои престојуваат во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица, доколку:
– Згрижувачките семејства се имаат стекнато со статус на згрижувачко семејство.
- ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
1.Подносителот на пријавата – самохран родител кој ги исполнува горенаведените критериуми, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на деца во ЈОУГД „Детска радост„ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица треба да ги приложи следните документи:
– Пријава за пројавување интерес согласно Одлуките за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица);
– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата;
– Потврда за просечна плата на самохраниот родител за последните три месеци;
– Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата за вработување;
– Фотокопија од извод на матична книга на родени на детето;
– Доколку едниот родител е починат, фотокопија од извод на матична книга на умрени;
– Доколку родителите се разведени, доказ за престанок на брак;
2.Подносителот на пријавата – носител на згрижувачко семејство кој го исполнува горенаведениот критериум, за остварување на правото за ослободување на плаќање надомест за престој на згрижувачки деца во ЈОУГД „Детска радост„ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица треба да ги приложи следните документи:
– Пријава за пројавување интерес согласно Одлуката за ослободување од плаќање на надомест за престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица (може да се преземе од веб страната на Општина Струмица или од архивата при Општина Струмица);
– Решение за стекнување со статус на згрижувачко семејство;
– Фотокопија од лична карта на подносителот на пријавата;
– Потврда за просечна плата на носител на згрижувачко семејство за последните три месеци;
– Потврда од Агенцијата за вработување доколку подносителот е невработено лице евидентирано во Агенцијата;
Изборот на кандидати кои ги исполнуваат условите ќе се врши од страна на Комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струмица;
III. РОК И МЕСТО ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУУМЕНТИ
Јавниот повик ќе трае заклучно со 31.01.2026 година.
Пријавите со потребните документи, се доставуваат на адреса: општина Струмица,ул.„Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица, лично во архивата на општина Струмица или по пошта, секој работен ден од 08:00 и 16:00 часот, во затворен плик, со назнака НЕ ОТВАРАЈ, за Јавен повик за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица и ЈОУДГ „Виножито“ Струмица.

