Јавни установи
Јавни установи
ЗДРАСТВЕН ДОМ СТРУМИЦА
ЈЗУ Здравствен дом Струмица е здравствена установа од примарна здравствена заштита во која се вработени 233 работника со следнава професионална структура:
10 |
|
Стоматолози |
12 |
Стоматолози на специјализација |
4 |
Средно медицински персонал |
115 |
Останати |
44 |
Вкупно: |
233 |
Вработените се поделени во повеќе служби и тоа:
1 |
Општа болница со домашно лекување |
2 |
Трудова медицина |
3 |
Спортска медицина |
4 |
Педијатрија |
5 |
Гинекологија со породилно Ново Село |
6 |
Школска медицина |
7 |
Лабараториска дејност |
8 |
Депо за лекови |
9 |
Стоматологија |
10 |
Административно-техничка служба |
11 |
Центар за ментално здравје |
ЈЗУ Здравствен дом – Струмица дава здравствени услуги на територија на општините: Струмица, Ново Село, Василево и Босилово.Службата за трудова медицина, Спортска медицина, Педијатрија и Школска медицина-специјалистички ординации се наоѓаат во кругот на т.н. Нова Болница на ул.„Младинска“ бб. Амбулантите по општа медицина се лоцирани во зградата на т.н.: Стара Болница на ул.„Димитар Влахов„ каде е сместена и Службата за итна медицинска помош со домашно лекување и Стоматолошката служба. Амбулантата по општа медицина има во 4 УЗ во Струмица, како и населените места Ново Село – општи амбулант и породилиште, како и во населените места Дражево, Сушица, Куклиш, Костурино, Попчево, Вељуса, Дабиље, Муртино, Моноспитово, Мокриево, Босилово, Турново, Василево, Иловица, Просениково, Пиперево.
ЈЗУ Здравен дом Струмица располага со 3 транспортни санитетски возила. ЈЗУ Здравен дом има свое Депо за лекови, во кое има вработено еден дипломиран фармацевт и еден фармацевтски техничар.
ДОМ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ „БЛАГОЈ МУЧЕТО“ – СТРУМИЦА
ул.Боро Џони бр.16, тел.034/325-052
Грижата за правилно културно воспитување на младата генерација е основната задача на целокупната општествена заедницаа посебно на работата на Домот за деца и млади “Благој Мучето”.
Во домот децата и младите се ангажираат во нивното слободно време на колективни општествени занимања, како и индивидуални активности за кои покажуваат интерес, како и грижа за докажување. Со разни форми на работа се овозможува средба на децата за забава, игра и слично при што се води грижа при концептирањето на содржината за работа, а се тргнува од идејните позиции на нашето општество потпирајки се на културно научна и хумана основа. Се настојува поврзување на децата и младите од сите училишта во општината, регионот како и од државата и надвор од неа. Соработува со сите организации и асоцијации што собираат деца и млади во своите редови како и со стопаски организации.
Стекнатите знаења и умеења и творечките докажувања децата ги применуваат во практика преку разни форми на манифестации како: културно забавни програми, литературни читања, ликовни и литературни конкурси, квиз натпревари, изложби, драмски и куклени претстави, организирање на детски средби и гостувања, посета на културно историски знаменитости и слични манифестации.
Во домот децата членуваат во повеке клубови односно секции за кои покажуваат интерес како: рецитаторска, литературна, новинарска, драмска, пеачка, фолклорна, ликовна, музичка, модерен балет, млади археолози, и други активности за кои изразуваат желба.
Со организиран однос се придонесува за севкупен развој на детската личност, срекно детство и подготовка на децата за креативен живот и работна активност во иднина.