ЈП- „Струмица-Гас“
ЈП „Струмица – Гас“
ул.„Боро Џони“ бр.10, 2400 Струмица, Македонија, тел: 034 348 003 ; 034 348 113 жиро сметка: 300030000161297 АД Комерцијална банка; едб:4027010511534; мб.6589812
Јавното претпријатие за енергетски дејности “СТРУМИЦА-ГАС” – Струмица, ул. Боро Џони бр. 10 е основано со одлука на Советот на општина Струмица на седницата одржана 26.04.2010 година. Во одлуката за основање на истото како главни дејности од јавен интерес се наведени
– дистрибуција на природен гас;
– управување со системмот за дистрибуција на природен гас;
– снабдување со природен гас на тарифни потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција на природен гас;
– производство на топлинска енергија;
– дистрибуција на топлинска енергија;
– снабдување со топлинска енергија;
– дистрибуција на геотермална енергија;
– снабдување со геотермална енергија и
– производство на енергија од обновливи извори.
Главната цел, т.е намерата за основањето на ЈП Струмица-Гас и Проектот за Гасификација на Општина Струмица е зголемувањето на конкурентноста на локалната економија преку овозможување пристап на сите корисници до најевтиниот енергенс, природниот гас, со истовремено подобрување на квалитетот на животот на локалната заедница.
Тргнувајќи од основните начела на одржливиот развој и потребата за заштита на животната средина, стратешка определба на ЈПЕД „Струмица – Гас“ е развој на дистрибутивниот гасоводен систем и воведување на природниот гас во сите сфери на живеењето.
За таа цел ЈПЕД „Струмица-Гас“ на 15 април 2011 год, и официјално започна со изградба на гасоводна дистрибутивна мрежа од полиетиленски цевки PE 100 SDR 11 која во моментот е со должина од 20 километри, а се планира во наредните четири години да се достигне должина од 50 км.
Користењето на природниот гас во општина Струмица официјално започна на 10ти ноември 2012 година, од кога 14 објекти кои се под надлежност на локалната самоуправа се приклучени на гасоводната мрежа и го користат природениот гас како енергенс за затоплување. Станува збор за четири основни училишта, три средни, четири градинки, зградата на општина Струмица, Дом на АРМ и основното музичко училиште.
Од агвуст 2013 година Јавното претпријатие и официјално започна со приклучување на домакинствата кои беа заинтересирани за користење на природен гас за претстојната 2013/2014 грејна сезона. Динамиката за приклучување е во зависност од бројот на заинтересирани корисници на гас во даден кварт.
Во оваа 2014 година вниманието на ЈПЕД „Струмица-Гас“ е насочено кон најважната цел на претпријатието приклучување на стопанските објекти на дистрибутивната гасоводна мрежа.
Имајќи во предвид дека поврзување на националниот гасовод на РМ во моментот не е опција за општина како што е Струмица со својата географска положба, единствено решение за гасификација на Струмица беше воспоставувањето на т.н. виртуелен гасовод. Тоа подразбираше идентификација на блиска локација со пристап на природен гас, компресија на гасот на висок притисок во метални резервоари, негов камионски транспорт до општината и декомпресија на гасот пред внесувањето во локалниот дистрибутивен цевковод низ градот.
Компресираниот гас со притисок од 250 bar се доставува до локацијата на декомпресиската станица во Струмица, со специјални мат модули (резервоари за гас или цилиндри во контејнерските модули), кои од транспортната приколка се растовараат врз посебни платформи кои се приклучени на декомпресиската станица преку посебна гасоводна инсталација. Декомресиската станица врши симнување на притисокот од 250 bar (колку што е притисокот во гасните модули) на работниот притисок на дистрибутивната мрежа кој е 4 bar.
Лице за контакт, директор: Благој Милановиќ
web: www.strumicagas.mk
e-mail: info@strumicagas.mk
Тел. 034 – 348 – 113
034 – 348 – 003