Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

И оваа година, во пресрет на најзначајниот општински празник, општина Струмица ќе ја додели Годишната награда и Наградата за животно дело „Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“. Овие признанија се доделуваат на поединци и институции од Струмица, од Република Северна Македонија, како и од странство – меѓу кои и меѓународни организации и нивни претставници – за исклучителни постигнувања во различни области: стопанство, наука, уметност, култура, образование и воспитување, здравство, социјална заштита, спорт, техничка култура, екологија и заштита на природата, како и други сфери од општествениот живот кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на општината.
Конкурсот е објавен денес и ќе биде отворен до 20 ноември.

Во прилог линк од документот формулар ЛИНК.

Во прилог линк од документот Конкурс за годишна награда ЛИНК