Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа координативен состанок со претставници на општинските институции и организации на којшто беа утврдени дополнителни мерки за превенција од ширење на корона вирусот:
1.Општина Струмица формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општината.
Тимовите се составени од млади волонтери кои се пријавиле во општина Струмица и волонтери на Црвениот Крст.
Телефони: 071 345 901, 075 271 710
2.На ден 17.03.2020 година (вторник) ќе се изврши дезинфекција на улиците и целата урбана опрема во градот. Дезинфекцијата ќе ја вршат ЈПКД „Комуналец“ и Територијалната професионална противпожарна единица – Струмица.
3.Формирани се специјализирани сили во просторните сили за заштита и спасување за прва медицинска помош и асанција на теренот.
Јавното здравје е заедничка одговорност. Од нас зависи!