Меѓународна соработка

Меѓународна соработка

Профил на Еврорегионот Беласица

Еврорегионот Беласица е основан на 24ти февруари 2003 во Кукуш,со припојување на три непрофитни трансгранчни организации, кои во факт се мрежа на локалната власт, бизнисмени и социјални партнери на државните граници помеѓу Р.Македонија, Грција и Бугарија. Еден од многу малкуте (можеби единствениот активен) еврорегион на Балканската област и еден од многу малкуте еврорегиони составен од Европски – членки и земји не-членки.

ЧЛЕНОВИ

ГРЦИЈА: Невладина Организација за регионална и интернационална соработка Аристотелис-

• Општина Кукуш
• Општини во регионот од Оштина Солун: Општина Аксиос, Општини од Халастра, Општина Калитеа, Општина Неаполис, Општина Михона.
• Општина Галикос
• Општина Херсо
• Општина Моуриес
• Коморите на Килкис
• Федерација на индустријата на Килкис
• Општинската компанија за Вода и дренажа на Килкис
• Општинската компанија за туризам и културен развој на Килкис
• Работа и партнерство – Развивање советници

МАКЕДОНИЈА Еврорегион- Струма

• Општина Струмица
• Општина Ново Село
• Општина Босилово
• Општина Муртино
• Општина Василево
• Општина Радовиш
• Општина Валандово
• Општина Гевгелија
• Општина Куклиш
• Општина Делчево
• Општина Конопиште
• Регионална стопанска комора на Струмица
• Фондација за пазвој на мали и средни претпријатија- регионален центар- Струмица
• Здружение на граѓани- Д Е Н И Ц А

БУГАРИЈА- Регионална Асоцијација Струма (РАС)

• Општина Петрич
• Општина Сандански
• Општина Благоевград
• Општина Струмјани
• Општина Кресна

ЦЕЛИ

Размислувањата за важноста на трансграничната соработка на сите нивоа и целите на Еврорегионот Беласица се назначени во установувањето на мирот и стабилноста на регионално и еврпско ниво, до слободно движење на стоката , инвестициите , технологијата и луѓето, до достигнувањето на продолжување на развитокот и социјалната споеност во регионот моментално потврдувајки ги историските, културните и етничките карактеристики на секоја земја.

Потврдувањето на потенцијалот на соработка помеѓу трите организации за совладување на законодавните разлики, за олеснување на администрацијата и организирани оневозможувања и совладување на историското и етничкото влијание, континуирано во претходните периоди, Еврорегионот Беласица ќе развива партнерство и заеднички проекти за развивање регионална инфраструктура, развивање на руалните гранични области, индустриско развивање, културна размена, заштита на околината , компетентност на Европско, национално и локално ниво, подобра координација со ЕУ политика, кохезија, еквивалентни животни услови како и кординација помеѓу ЕУ програмите за развој.

ЗАЕДНИЧКИ АКТИВНОСТИ

Шеснаесетте полиња на активности што почнаа да се развиваат во Еврорегионот се:

1. Регионален развој
2. Економски развој
3. Туризам поврзување
4. Култура и општество
5. Трансфер на технологија и иновација
6. Енергија
7. Транспорт и инфраструктура
8. Екологија и животна средина
9. Менаџмент на отпадни продукти
10. Земјоделство
11. Социјална соработка
12. Здравствени услуги
13. Комуникација
14. Заштита против елементарни непогоди и штети
15. Едукација
16. Социјална безбедност

ОРГАНИЗАЦИЈА

Транс-граничниот Еврорегион Беласица има свој менаџмент и оперативни тела.Основниот организационен дијаграм на Беласица е преставен подолу:

Еврорегион Беласица

заедничко управително тело
( 3 заседавачи )

заеднички технички секретаријат
( преставници од сите три земји )

заеднички експертни групи
( 9 заеднички експертни групи за различни тематски области )

Канцелариите на сите три партнери функционираат како седишта на Еврорегионот за комуникација и координација на активности од национално ниво, додека канцелариите на Аристотелис”- Општина Кукуш во Грција се центар за надворешна комуникација со Европските и интернационални организации. Транс-граничната соработка помеѓу Грчкиот партнер, легално преставен од градоначалникот на Кукуш г-дин Димитрос Терзидис и Македонскиот партнер, легално претставен од г-ѓа Снежана Јанева беше многу силен од почетокот на еврорегонското уредување. Моментално двата водечки партнери снабдуваат техничка помош на Бугарскиот партнер во редослед да биде во можност да учествува во работењето на сите планирани активности и имплементацијата на заедничките проекти.

РАЗВОЈ НА АКТИВНОСТИ

Еврорегионот Беласица е официјален член на Асоцијацијата на Европските Гранични Региони ( АЕРБР ), со Пактот за Стабилност на Европа, Европската Комисија, Европска канцеларија за Помош како и други Европски и Интернационални организации активни во полето на ТГС во Југо Источна Европа.

Преставници на Еврорегионот имаат земено учество во важни настани што се однесуваат на Транс-гранична соработка и Југоисточна Европа воопшто, како и конференции одржани од Пактот за Стабилност и Грчкото преседателство од ЕУ и има силно поткрепена мрежа на активности со истражувачки институти, Невладини организации и други организации што се занимаваат со развојот на Југо- Источна Европа.

РАЗВОЈ НА КОНКРЕТНИ ПРОЕКТИ

После идентификацијата на општи проблеми, интересирањата, потенцијалот на пограничнот регион во рамките на граница од Грција, Македонија и Бугарија од преставници на локалната власт, Бизнис и Социјални партнери кои партиципираат во Еврорегионот, заеднички групи работат интензивно на развојот на заеднички проекти од различни области и активности. Заедничките проекти развиени од заеднички работни групи се подлежни согласно на нивниот приоритет за еврорегионот, и според Европските, националните или приватните фондови.

Во моментот, еврорегионот има развиено повеке заеднички проекти:

РЕГИОНАЛНА РАЗВОЈНА СТРАТЕГИЈА НА ПОШИРОКАТА ЕВРОРЕГИОНСКА ОБЛАСТ

Кратка содржина

Проектот на регионалната развојна стратегија е иницијатива од партнерите на Еврорегионот Беласица составен од локалните власти и колективните тела на бизнисмени од Грција, Македонија и Бугарија во општите (јавни) гранични региони. Проектите се насочени на развој на бизнисот и економска кохезија во регионот. Планираните активности се организирани во следните делови: развој на соработка, мрежа, студии и истражубања, трансвер на знаење, технологија, искуство и најдобри практики, извори на странски и домашни финансии за развој на МСП, промотивни активности, зголемување на извозното својсто во регионот, на продукти, услуги и ресорси, промоција на економската и социјалната кохезија. Партнерството ќе биде зголемено со партиципација на друга земја Европска членка ( централна или западна Европа ) за трансвер на знаење и мрежни активности.

Потекло на проектот

Проектот потекнува од индентификацијата на општите интереси и потенцијал на економски и социјален развој и кохезија од трите партнери за Еврорегионот Беласица за време на организираните состаноци. Еврорегионот Беласица е легална структура активна кон подобра интеграција на регионот додавајки вредност на националните иницијативи и зема предност од бенифициите на спогодбената соработка на специјалниот развој.

Кореспонденција со потребите, моќта, слабоста и ограничувањата на проектски насочените групи и насочениот регион. Насочените групи на проектот се поранешни и перспективни бизнисмени на регионот (постоечката сила на суштинскиот бизнис во регионот е оценет согласно официјалните податоци на 30.000 МСП од вториот и третиот продуктивен сектор, додека првиот сектор преставува популација од околу 100.000 произведувачи ), како и граѓани од Општините на поширокиот регион. Официјалната популација на општините учесници во партнерството ( преку трите претставени организации ) е 800.000 луѓе со перспектива да се зголеми ( географски со учество на соседни области ) до 1.500.000 луѓе.

Трите области вклучени во Еврорегионот се во ниска развојна мерка и консеквентно ниско животен стандард. Областа има поголема потреба отколку другите региони во Европа бидејќи во минатото беше ударна зона помеѓу исток и запад и страдаше многу години од историски и етнижки разлики. Потребите вклучуваат, интеграција, ресорен менаџмент, стратегија и средства за економски развој, како и пристап до пазарите, информација и технологија. Регионот има важни ресорси и високо развиен потенцијал со поврзување на бизнис заедниците и општествата, кои до сега оперираат посебно. Различни правни регулативи од националната влада, јазичните бариери, бизнис практиката и немањето комуникативна функција како бариери за интеграцијата на проектот ќе донесата конкретни и меродавни резултати, кореспондирани до индентификуваните потреби на насочените групи и региони.

Локалната ситуација, информација на проект партнери

Граничната област е во развивање, со ниска извозна активност, висока невработеност, низок животен стандард. Бидејќи еден од парнеритње ( Грција ) е Европски член, Бугарија е асоцијативна земја и Македонија е во процес на стабилизација и асоцијација, имплементација на заедничката стратегија за економска и социјална кохезија, достигањето на бараните стандарди за двата партнери кои па се членови, ја убрзува процедурата на Европската интеграција. Имплементациониот период планира 36 месеци ( 01/09/2003-30/08/2004 ) и проектираниот буџет е 2,2 М евра.

Фондови информации

Проектот наскора ќе подложи на фондови под Интеррег 3 Б-Кадсес програмата ( мерило 1.1 Потикнувајќи заеднижки стратегии за развој и акција во имплементацијата ).

Бидејќи има јавен карактер и сите вклучени партнери се не профитабилни организации се овластува на 100% финансирање од Грчкиот придонес ( 75% ЕРДФ, 25% национални фондови ).

Бугарско- Македонските придонеси ке бидат покриени во вид од сопствено потекло. Двата партнери кои не се членки се со право да аплицираат за фондови од нивна контрибуција во проектот од ФАРЕ, Кардс, Еар или други Европски – национални извори.

КУЛТУРЕН ЕВРОРЕГИОН БЕЛАСИЦА

Кратка содржина

Проектот ја вклучува имплементацијата на интегралниот развоен план за општ културен регион од граничната област помеѓу Кукуш и Струмица како средство за туризам и економски развој и подобрување на квалитетот на животот на двете гранични општества ( во Грција и Македонија ).

Активностите вклучени во проектот се насочени на нреација на добро образуваната патна поврзаност во граничанта област на двете земји и ќе биде имплементирана преку:

• Поврзаност на основната културна активност на карневалот денеска организиран пооделно од пошироката Струмичка област ( 72 села ) и во Кукуш ( 23 села ) во текот на истиот месец од годината.

• Развој на интернационалниот Куклен- театар во Кукуш и префарлување во струмица.

• Развој на интернационалниот саем ( панагур ) за маски во Струмица и префрлување во Кукуш.

• Реновирање на стари згради ( од традиционален и историски карактер со истакнување на елементи од општа култура и архитекторски карактеристики ) како културни центри.

• Организација на паралелни активности за развој и промоција на општо културни ресорси и поврзаност со туризамот и службениот сектор.

Проектот потекнува од индентификацијата на опшите културни, традиционални и природни ресорси во регионот, кои постојат со векови како етнички или историски разлики помеѓу две земји, како и перспектива, која се наголемува од вкрстената гранична соработка за нивни понатамошен развој.

Насочените групи на проектот се граѓани од регионот ( Официјалната популација на општините вклучени во партнерството ( преку две репрезентативни организации ) е 300.000 луѓе со перспектива на зголемување ( географски со учество на соседните области ) до 500.000 луѓе.

Планираниот период на имплементација е 24 месеци ( 1/9/2003 – 30/8/2005 ) и оценувачкиот буџет е 2 М евра.

Информации од Фондот

Проектот наскоро ќе подложи на фондови под Интеррег 3 А ( Грција -Македонија ) програмата ( мерило 2.2.2 & 2.2.3 ).

Бидејки има јавен карактер и сите вклучени партнери се непрофитебилни организации се овластува на 100% финансирање од Грчкиот прдонес ( 75% ЕРДФ , 25% национални фондови ).