Во пресрет на големиот христијански празник Божик и негувањето на традиционалните обичаи, општина Струмица денеска ја посетија дечиња од Струмичката епархија и пред градоначалникот Коста Јаневски и вработените ја испееја коледарската песна „Вечниот бог“. Заблагодарувајќи им се за посетата, Јаневски им посака се најубаво и им подари коледарски пакетчиња. Општината денеска ја посетија дечиња кои што ни го разубавија денот, ни испееаја божиќна песна во пресрет на Христовото раѓање.
Покажаа една убава традиција која што сакаме да ја негуваме, да ја продолжиме и да покажеме какви песни се пеат во духот на нашата религија, нашето православие и навистина ни причинија огромно задоволство, мене и на нашите вработени. Јас, сакам оваа традиција да продолжи, да продолжи така како што треба, по исправен пат, во духот на нашата религија, во духот на православието и да се исчистат некои навики кои што можеби досега беа во некој друг правец, јас сакам тоа да го прифатиме и негуваме и во иднина да се гледаме за убави работи, рече градоначалникот Јаневски. Отец Јаков од Струмичката епархија рече дека овој настан е во рамките на иницијативата на МПЦ да се возобнови древното пеење коледарски песни кои се со христијанска содржина, кои го воспеваат и објавуваат Христовото раѓање, наспроти некои коледарски песни со деструктивна содржина во кои што не се ни спомнува Бог. Секоја година се помасовно и погласно станува пеењето на оваа песна „Вечниот бог“ и оваа година ја посетивме општинската зграда, на фигуративен начин како заеднички дом на сите струмичани и оттука преку овие деца и песната што ја испеаја ја испраќаме нашата порака дека Христос се роди за нас и наше спасение, рече отец Јаков.
Click here to change this text