По повод Стара нова година, вработените во општина Струмица ја испочитуваа традицијата на кршење лепче со паричка. Во одделението за административна поддршка на градоначалникот, лепчето со паричка се падна кај градоначалникот Коста Јаневски. Според верувањата, тоа значи дека ќе го следи среќа во текот на целата на година. Истовремено, значи успех и бериќет за сите граѓани на општина Струмица.