Безбедноста на граѓаните е приоритет за градоначалникот Коста Јаневски и општина Струмиц. На негова иницијатива, денеска, се одржа средба меѓу претставници на општина Струмица, Секторот за внатрешни работи во Струмица и јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“. Градоначалникот Јаневски се интересираше за актуелната безбедносна состојба, особено, по последните вандалски однесувања и загрозувања на безбедноста на неколку граѓани. Претставниците на средбата се договорија да се преземат сите мерки за зголемување на безбедноста на граѓаните и за зачувување на јавниот ред и мир.